Путин: Се обидуваат да „укинат“ се што е поврзано со Русија, да ја избришат од цивилизациското наследство
За Русија дојде времето на самоопределување, борбата за правото да се биде она што е, на земјата не и се потребни стандарди кои грубо се наметнуваат однадвор, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Го третираме наследството на светската култура со голема почит. Кај нас едноставно е невозможно да се замислат обиди за „укинување“ на нешто. Меѓутоа, гледајќи што се случува во светот, сè појасно разбираме дека не ни се потребни насоки или стандарди грубо наметнати однадвор кои ја потиснуваат секоја оригиналност на развојот. За нас, всушност, сега е време на самоопределување, на борба за правото да бидеме свои“, рече Путин во видео обраќањето по повод отворањето на Академијата за креативна индустрија во уметничкиот кластер Таврида на Крим.
Како што додаде, културата и уметноста, области чија цел е да ги обединат луѓето, денес се најдоа во епицентарот на геополитичката конфронтација.
Тие се обидуваат да „укинат“ се што е поврзано со Русија, да ја избришат од цивилизациското наследство. На тој начин тие се казнуваат, пред сè, самите себе, им ја ускратуваат можноста на своите народи и граѓани да се запознаат со вистински ремек-дела“, рече рускиот лидер.
Тој, исто така, нагласи дека руската култура носи „посебна вредносна порака која зборува за моќта на милосрдието, меѓусебното почитување и најважните духовни и морални основи“ кои мора да се зачуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…