Објавено на:

Путин си кажа: Ако ја ограничите цената ќе го прекинеме снабдувањето со гас

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергенси доколку се воведат ограничувања на цените на рускиот гас и нафта, предупредувајќи го Западот дека ќе остане „замрзнат како опашката на волкот во познатата руска бајка”.

Говорејќи на економски форум во источниот град Владивосток, Путин рече дека европските повици за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави” и ќе доведат до повисоки цени на енергенсите во светот и економски проблеми во Европа.

– Нема да испорачаме ништо ако тоа се коси со нашите интереси, во овој случај економски. Ниту гас, ниту нафта, ниту јаглен… Ништо, додаде тој.

Г7 го објави планот минатата недела, а потегот исто така може да ја ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери во земји надвор од Унијата.

– Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот спроведе план за ограничување на цените”, рече Путин. – Дали ќе има политички одлуки спротивни на договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да извезуваме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, најави тој.

Русија е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и е најголем извозник на гас и жито. Вообичаено, Европа увезува 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…