Путин смета дека некои Руси се измамени во криминална авантура
Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека некои Руси се „измамени во криминална авантура“, без конкретно да ги спомене борците на Вагнер, кои се побунија.
Путин вели дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“, пренесува Би-Би-Си.
Вонредното обраќање на Путин доаѓа откако ескалираше судирот на руските воени власти со шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин.
Тој повика за бунт против руската војска, иако негираше дека се обидува да изврши воен удар.
Без конкретно да го спомене Пригожин, Путин вели дека високите „амбиции“ на некои довеле до „велепредавство“.
Рускиот претседател најави „неизбежна казна“ за оние кои го делат руското општество.
Путин рече дека во главниот град Москва и во неколку други региони сега е на сила антитерористичкиот режим.
Претходно Пригожин ги повика Русите да не ` веруваат на руската државна телевизија.
„Кога ќе ви кажат дека приватната воена компанија Вагнер се мешала во работата и затоа се урнало нешто на фронтот… работите на фронтот не се разурнати поради таа причина“, вели тој во новото видео објавено на Телеграм.
„Изгубена е огромна територија. Убиени војници, три или четири пати повеќе од она што е напишано во документите што му беа презентирани на врвот (раководството)“, додаде тој.
Водачот на платениците во видеото вели дека се наоѓа во воениот штаб на Ростов на Дон, кој е клучна логистичка база за руската офанзива во Украина.
Еден од највисоките руски воени команданти, генерал Сергеј Суровикин, ги повика платениците од Вагнер да ја „послушаат волјата и командата“ на претседателот Путин и да се вратат во својата база.
Претходно Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.
Во петокот вечерта безбедноста во Русија беше зголемена, интернетот беше ограничен, а на улиците на Москва беа забележани воени камиони. Автопатот М4 што ги поврзува Москва и Ростов е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецкајавља, на југот на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…