Објавено на:

Путин: Чудесни се достигнувањата на Русија во нуклеарната сфера

t

Новиот проект од областа на физиката со висока енергетска густина, на кој се работи во нуклеарниот центар во Саров, е многу важен за одбранбената способност на Русија, проектот остава извонреден впечаток, изјави рускиот претседател Владимир Путин.


Тој додаде дека нуклеарната наука е една од најважните насоки во сегашните услови.
„Разбирам колку е тоа важно и за економијата и за подигање на одбранбената способност, запознаен сум со некои од достигнувањата во таа сфера. Новиот проект остава извонреден впечаток. Тоа е едноставно чудесно“, изјави рускиот претседател во разговор со млади научници.

Истовремено, тој посочи колку е важно да се зачува душата на Русија, мултинационална и мултиконфесионална нација и да се поддржат традиционалните вредности.
„Усогласувањето на сите овие елементи има моќен синергетски ефект и ќе и помогне на земјата да оди напред“, заклучи тој.
Да потсетиме, претседателот на Русија го посети рускиот нуклеарен центар во Саров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…