Објавено на:

Путин “ја предаде власта” на пет минути: Великодушен потег на рускиот претседател ја восхити руската јавност

t

Рускиот претседател Владимир Путин ја поканил да го посети Кремљ, Раисат Акипова од Дербент, која била вознемирена што не успеала да го види шефот на државата додека тој бил во овој град во рамките на работната посета на Дагестан.


-„Кога го напуштив Дербент и пристигнав во Москва, ми покажаа слика од тебе како плачеш. Се подразбира дека, за жал, не можам да разговарам со секој кој беше на плоштадот, но секако бев трогнат од вашата реакција. „Бидејќи не можам многу често да ја напуштам Москва, решив да те поканам тебе и мајка ти и тато да ме посетите“, ѝ рече Путин на девојката.

Заедно со ученичката во Кремљ пристигнаа и нејзините родители Ахмет и Култум Акипови.
Путин ги покани гостите да видат каде работи, а потоа заедно да пијат чај.

Претседателот ја однел Раисат во неговата канцеларија и и понудил да седне на неговото столче. Оттаму Путин му телефонирал на премиерот на земјата Михаил Мишустин и го прашал каде е.
Дали сте на работа или шетате некаде?“, се пошегува Путин.
За време на чајот рускиот претседател разговарал со родителите на девојчето и ги прашал што работат, колку деца имаат, а разговарале и за Дербент. Рускиот лидер им подарил книга за Кремљ со негов потпис.


На 28 јуни, за време на работната посета на Дагестан, Путин одржа состанок за развојот на туризмот во Севернокавкаскиот федерален округ.
По тој повод тој ги посети тврдината Нарин Кала и Џума џамијата во Дербент, како и најголемата мултимедијална фонтана во земјава. Стотици луѓе таму го пречекаа рускиот лидер. Путин веднаш им пријде на граѓаните и срдечно ги поздрави.
Претседателот беше пречекан со аплауз. Младите буквално го опколија Путин, му поставуваа прашања и го снимаа настанот со своите телефони, една девојка дури успеа да се фотографира со рускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Русија останува отворена за дијалог со Западот

Русија останува отворена за дијалог за безбедност…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…