Путин ја пречека американската амбасадорка со сите почести но “и го рече”: Поддршката на САД на “шарените револуции” доведе до денешната криза во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини Соединетите Американски Држави, со својата политика на поддршка на таканаречените “шарени” револуции, дека ја предизвикуваат актуелната криза во Украина.
-„Почитувана госпоѓо амбасадорке, не сакам да ја нарушам љубезната атмосфера на предавањето на акредитивните писма и знам дека можеби не се согласувате со моето мислење, но не можам, а да не кажам денес дека употребата на Соединетите Американски Држави во својата надворешната политика на алатки како што се поддршката за таканаречените “обоени” револуции, поддршката во овој поглед за државниот удар во Киев во 2014 година, на крајот доведе до актуелната украинска криза и дополнително даде негативен придонес за деградација на руско-американските односи, ѝ рече Путин денеска на американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси на предавањето на акредитивните писма од странските амбасадори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…