Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија сака да се движи кон Европа
Шефот на бугарската држава Румен Радев смета дека наскоро ќе стане јасно дали новата претседателка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на земјата или ќе преземат друга насока. Тој ја коментирал победата на изборите на партијата на Христијан Мицкоски пред бугарските новинари.
-Многу брзо ќе стане јасно дали оваа земја сака да се движи кон Европа, рекол Радев.
-Мојот став во однос на РМ секогаш бил отворен и конзистентен и како што беше со претседателите Горѓе Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со Гордана Силјановска-Давкова, нагласил тој, пренесуваат бугарските медиуми.
Радев истакнал дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на Македонија, но со почитување на принципите на добрососедство и особено Копенхашките критериуми за членство. Според шефот на бугарската држава, тоа значи промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари, но и откажување и осудување на говорот на омразата што, според Радев, бил особено присутен во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, но и почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство на македонските Бугари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…