Објавено на:

Радев: Ќе влезете во ЕУ кога ќе го искорените “воинствениот македонизам”, тој може да ја дестабилизира Унијата

t

Бугарскиот претседател Руман Радев на денешната конференција по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.

– Наспроти ова, се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – како да го направиме тоа што е можно побрзо да започнат преговори додека во исто време поставуваат јасна бариера со воинствениот македонизам. Јасно е дека треба да бараме каде нашите интереси да се вкрстат и да бараме компромиси. Но, кога зборуваме за компромиси – не можам да направам такви со правата на македонските Бугари.

Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација. Не можам да направам компромис со нашите историја и идентитет. Исклучително важно – прекин и искоренување на говорот на омраза и се да започне со менување на учебниците. Не можам да прифатам дека помладата генерација кај нашиот пријателскиот сосед е воспитан во духот на омразата кон Бугари. Ова е апсолутно неприфатливо и не можеме да го прифатиме.

Нема шанси да тргнеме напред ако не се откријат архивите на УДБА. Исто како што сите земји од Источна Европа ја доживеаја својата катарза на раскинување со своето тоталитарно минато, а РСМ не може да не го стори тоа,

Не можам да направам компромис за нашата одговорност како демократија за иднината на ЕУ. Доколку во моментов некој од нашите партнери не ја согледа длабочината на историскиот проблем и можноста Македонизмот да ја дестабилизира унијата. Треба да се интегрираме како партнери, а не со проблеми, и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ, рече Радев.

Бугарскиот претседател е на ставот дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги заврши уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за…

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека…

Орбан: ЕУ не треба да почне преговори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Орбан посеа паника во Европа?

Една недела пред состанокот на Европскиот совет…

Лајчак: ЕУ е подготвена за проширување

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот…