Радувајте се вие на кредити: Синдикалната кошничка порасна за 1200 денари
„Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување“, велат од СДСМ и додаваат:
Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Цените растат, платите стојат, мерки – нема!
Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.
Ова не е политика, ова е грабеж!
СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:
-Покачување на минимална плата на 500 евра
-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор
-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.
СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…