Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот
Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти.
Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата.
Владата на Пенџаб го осуди нападот.
Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Четири тела пронајдени во запалено возило во…
Јагленосани тела на четири мажи беа пронајдени…
(Видео) Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен…
Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен напад…
Иранскиот министер за надворешни работи се врати…
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас…