Објавено на:

Ракометарите ќе добијат милионска премија доколку се пласираат на ЕП 2024!

t

Македонската машка ракометна репрезентација е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија. По четири одиграни кола, Македонија е на второто место во групата со четири бода, во која Португалија е убедлив лидер со максимални осум бода. Со четири бода е и Турција, додека Луксембург е последен без бодови.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе гостува кај Луксембург (26април), а во последното коло во Скопје ќе играме против Турција (30 април), меч на кој треба да ја завериме втората позицијата на табелата која носи пласман на континенталниот собир. Македонија веќе еднаш славеше над Турција, и тоа на гости убедливо со 36:27, што значи дека избраниците на Кирил Лазаров се пред пласман на ЕП.

Доколку нема изненадувања и Македонија продолжи со настапи на големи натпреварувања, машката репрезентација ќе добие премија од два милиони денари. Ова беше решено вчера на Управниот одбор на РФМ, што е само дополнителен финансиски мотив за ракометарите да не дозволат изненадување против аутсајдерите Луксембург и Турција, соопштија од РФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…

Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против…

Македонскиот “октопод” го предводи идеалниот тим на…

Македонскиот репрезентативец и член на Порто, Никола…

Кил се измачи за да ги освои…

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот…

Мотив повеќе пред баражот со Украина, РФМ…

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија…