Објавено на:

Рама задоволен: Конечно! Нема веќе пречки за Албанија на патот кон ЕУ

t

Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Македонија, велејќи дека конечно повеќе „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ”.

– Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша Рама во подолга објава на „Фејсбук”.

Додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет”.

Меѓудругото заблагодарувајќи им се на стратешките сојузници, Рама нагласува дека „албанската делегација ќе замине во понеделник во Брисел за да го започне овој нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членство”.

– Ќе успееме и во овој нов дел од напорите, со поблиско поврзување со Албанците и насочување со нови сили на врвот каде што ќе ја воздигнеме Албанија, напиша меѓудругото Рама.

На објавата на која постира фотографија со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, тој посебна благодарност упати и до сопругата Линда и децата за поддршката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…