Рама: На 14 јули ги затвораме првите три поглавја од членството во ЕУ
На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите.
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред.
Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе се одржи во Брисел, во Советот на ЕУ, при што „првите три поглавја од преговорите за членство на Албанија ќе бидат затворени што официјално ќе го означи почетокот на преговорите. Албанија не запира. Тие рекоа дека преговорите се блокирани, рекоа дека самитот на НАТО е откажан, дека владата е соборена, кажаа сешто и нема да остават ништо не кажано, бидејќи нивната работа се празни зборови, додека нашиот збор е работа, напиша Рама.
Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на Европската Унија (КОРЕПЕР), вчера, го одобри Заедничкиот став на Европската Унија за привремено затворање на преговорите за пристапување на Албанија за поглавие 25 „Наука и истражување“, поглавие 26 „Образование и култура“ и поглавие 30 „Надворешни односи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…
Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…
Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…
Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…
Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…
ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…
Европската Унија предлага данок од три проценти…
ЕУ ја спасува Македонија од пластичен отпад…
Европската унија од денеска, 21 ноември, го…