Рама објави: Иран извршил уште еден кибер напад во Албанија, овојпат на граничниот систем
Нов кибернапад од Иран, сличен на оној на владините служби на 15 јули, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија.
Ова го соопшти премиерот Еди Рама, кој на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори.
„Уште еден кибернапад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. Во меѓувреме, ние продолжуваме да работиме деноноќно со сојузниците за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни“, напиша на Твитер.
Топ чанел дознава дека нападот го снимиле полициски специјалци синоќа околу 22:00 часот.
Кибернападот бил регистриран во 22 часот синоќа, по што системот бил исклучен за да не им се даде можност на хакерите да напредуваат, во преземањето на контролата врз овој систем, најважниот за албанската полиција.
По кибернападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси а за кои премиерот Рама рече дека е потврдено оти се извршени од Иран, албанската влада на 7 месецов одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран. Ваквата одлука Иран ја оцени како „неоснована и непромислена, донесена под влијание на трети земји“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…
Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…
Рокот од 60 дена утврден со меморандум…