Рама повторно удри по ЕУ: Имате двојни стандарди!
Албанскиот премиер Еди Рама на Конгресот на европските социјалистички партии во Берлин изјави дека Европската унија има двојни стандарди, бидејќи зема само квалификувани луѓе од сиромашните земји, пренесува Репортерс.
Рама рече дека го разбира пазарот на трудот, но дека мора да има солидарност.
„Има работи што се навистина страшни, бидејќи ние сме сиромашна земја, од една страна гледаме дека нашите млади си заминуваат, затоа што не им се дава можност да имаат ист пристап до образование како во Европа, а на од друга страна, гледаме дека богатите земји бараат само квалификувани работници. Тоа е пазар, разбирам, но мора да има рамнотежа и солидарност, бидејќи нашата земја треба да добие нешто за возврат. Ние им помагаме на Германците со тоа што имаме млади луѓето одат да работат во нивното здравство.Но ни треба и помош“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…
„Северна Македонија направи одлична работа во однос…
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…