Рама: Србија мора да го признае Косово и да се извини, Албанците мора да се обединат
Патот можеби е различен, но целта на крајот останува само една: Србија мора да го признае Косово, да побара прошка и на крајот Албанците да се обединат, изјави албанскиот премиер Еди Рама за телевизијата Клан.
„Целта е иста, но патиштата се различни. Јас се разликувам од Албин Курти во однос на односите со Србија. Мислам дека патот ми е пократок и дека сум во право. Но, на Курти е да одлучи што треба да направи Косово“, нагласи тој.
На прашањето дали се согласува со ставот на Курти, тој одговори: „Не сакам да навлегувам во прашањето што е на грбот на премиерот и на властите во Косово. Надалеку е познато дека имам свои идеи и свој пристап, целта е иста, мислам дека Србија треба да го признае Косово, да побара прошка и на крајот на овој процес Албанците да се обединат“.
На дополнителното прашање дали Албанците ќе се обединат, Рама беше јасен: „Албанците мора да се обединат“.
„Да, секако Албин го сака истото, но јас поинаку размислувам за начинот на кој ќе стигнам таму, Албин размислува поинаку. Но, Албин е премиер на Косово и тој треба да избере, му посакувам се најдобро и успех и нека разбере дека можеби грешам“, рече тој.
Рама не сакаше да го коментира европскиот предлог и додаде дека тоа е прашање за кое целосно одговара Курти.
Тој исто така одби да ја коментира изјавата на косовскиот премиер дека треба помалку да му верува на српскиот претседател, бидејќи, како што тврди Курти, тој е огранок на Владимир Путин во Западен Балкан.
И покрај фактот што Рама тврдеше дека го има „вистинскиот одговор на она што го кажа“, тој вели дека повеќе би сакал да не коментира за тоа.
Но, тој подвлече „дека Србија мора да го признае Косово и да се извини за сите воени злосторства извршени врз народот на Косово“.
Тој рече дека има добри односи со неговиот колега Курти, истакнувајќи дека нивните средби се „инспиративни“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…