Рама: Целта на Албанија е членство во ЕУ до 2027
Премиерот на Албанија, Еди Рама оценил дека стратешкиот план на неговата земја е членство во Европската унија до 2027 година и дека има конкретни чекори и датуми кои водат до исполнување на оваа цел, пренесува „ВОА“.
„Тоа не е моја амбиција, туку тоа е заеднички стратешки план напишан и договорен заедно со Европската комисија. Тоа е конкретен план, со конкретни чекори, со конкретни датуми и е многу амбициозен, но решени сме да го реализираме точка по точка и што се однесува до нас да ги завршиме задачите за затворање на преговорите во рок од една година што ги дефиниравме“, рекол Рама во интервју за „ВОА“.
На прашањето дали албанската администрација е подготвена за овој процес доколку Европската комисија во последниот извештај изрази загриженост во однос на усогласеноста со стандардите на ЕУ поради усвојувањето на одредени закони, Рама вели дека вистината е сосема поинаква и дека успешниот процес на подготовка на преговорите зборува за тоа.
„Се разбира, тоа не можете да го видите ако ја следите поплавата од вести во кои преовладуваат полувистините и најголемите лаги. Најважниот факт за подготовка на нашата администрација и дека е успешна може да се види дека пред очите на Европската комисија се соочи со цела низа подготвителни преговори кои се исклучително тешки во овој процес“, кажал Рама.
Тој нагласил дека престижните институции како СИГМА ја оценуваат албанската администрација како функционира како институции во ЕУ и дека ја оквалификувале во четири од пет области како најдобра во регионот.
Рама потенцирал дека Албанија не може да негира дека има проблем со корупцијата, но потсети дека тоа било тема и на изборите во САД.
„Има, секако, вистини, кои во случајот со Албанија не можеме да ги негираме, но има и многу невистини кои се атрактивни на политичката и медиумската арена, има многу анализи кои се базираат на шпекулации. Корупцијата во Албанија е проблем, но не и таков проблем што заслужува ваква приказна. Соочени сме со реформи, со модернизирање на услугите и со модернизирање на административните процеси, користејќи технологија, било преку нови судски институции и дефинитивно, или благодарение на поддршката од јавноста, која дава широка поддршка во борбата против ова зло“, истакнал премиерот на Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…