„Расмусен Репортс“: Мнозинство од Американците сметаат дека Бајден не е ментално способен да биде претседател
Околу 59 отсто од гласачите во САД сметаат дека американскиот претседател Џо Бајден е се помалку ментално способен за да се кандидира за реизбор во ноември, покажуват резултатите на анкета спроведена од агенцијата „Расмусен Репортс“.
Една третина од испитаниците или 33%, не се согласуваат со мнозинството за менталното здравје на Бајден, но повеќето се сомневаат дека медиумите го прикриваат когнитивниот пад на претседателот, се вели во соопштението за печатот што го објави „Расмусен Рипортс“.
Анкетата е спроведена меѓу 943 возрасни гласачи во САД од 28 до 30 јануари. Маргината на грешка при земање примероци е +/- 3 процентни поени со 95% ниво на доверба.
Во јануари, анкета на „АБЦ Нуз/Испос“ откри дека само 28% од Американците веруваат дека Бајден ја има менталната острина потребна за да биде претседател. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, тогаш одговори дека наодите од анкетата за слабата острина и физичкото здравје на претседателот Бајден се збунувачки, земајќи го предвид тоа што тој го постигнал во последните три години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…