Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува вo петок
Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.
Во текот на денешната попладневна расправа можеа да се чујат и меѓусебни обвинувања на пратениците од владејачките партии и од опозицијата за тоа која власт колку направила или не направила, за криминали и корупција.
Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.
Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.
На дневен ред на денешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.
На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.
Продолжението на оваа седница потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го закажа за во петок во 12 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…