Раст на економијата на ЕУ годинава, позитивни прогнози за следните две години

t

Економијата на Европската унија ќе порасне за 0,9 отсто во 2024 година и ќе забрза до 1,5 отсто во 2025 година и 1,8 отсто во 2026 година, се вели во есенската прогноза на Европската комисија објавена денеска.

Како што се наведува, за еврозоната годинава се очекува економски раст од 0,8 отсто и забрзување до 1,3 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во 2026 година.

По долг период на стагнација, економијата на ЕУ се враќа на скромен раст додека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, додава Европската комисија.

На крајот на оваа година инфлацијата во Европската унија ќе изнесува 2,6 отсто и дополнително ќе се намали на 2,4 отсто во 2025 година и на два отсто во 2026 година.

Еврозоната очекува слично сценарио, односно инфлација од 2,4 отсто на крајот на годината, која во 2025 година ќе се намали на 2,1 отсто, а во 2026 година на 1,9 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…