Регистриран трет смртен случај од западнонилска треска во земјава, почина 61-годишник со прекумерна тежина
Министерот за здравство, Сашо Клековски, утрово извести дека во саботата бил регистриран трет смртен случај на заразен со западнонилска треска во земјва.
„Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски.
Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години имаше и други претходни заболувања, а вториот смртен случај беше 72-годишен пациент со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис.
На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат шеснаесет пациенти. Директорот на Клиниката, Фадил Цана вели дека шестмина од нив се во критична состојба.
„Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега, се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен. Тој е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција“, рече директорот Цана.
Министерот Клековски кажа дека во моментот имаме вкупно 35 потврдени случаи на заразени со западнонилска треска и тројца сомнителни кои се во процес на дијагностицирање.
На болничко лекување се 16 лица од кои 15 се во Клиниката за инективни болести, а едно лице е на лекување во приватна болница.
Регистрирани се и 15 излекувани кои се отпуштени од Инфективната клиника.
Најголемо жариште на западнонилска трека во Европа според министерот Клековски, е Атина а вирусот почнал да се пренесува и во пограничните места со земјава.
„Во Грција има досега 81 случај со нервна инвазивна форма и 9 починати и веќе има и во пограничните зони со Македонија — во Центарална Македонија, регионот во Грција“, рече министееот Клековски.
Здравствените капацитети за препознавање и дијагносика на вирусот министерот Клековски вели дека се максимално подигнати. Вирусот се потврдува со два независни теста за што се известени сите лекари кои би можеле да дојдат во контакт со заболени од вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…
Нивоата на реките се драстично зголемени по…
Левица повикува утре на протест пред фабриката…
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…
(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…
Архитектот и член на Централниот комитет на…
Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…
Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…
Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…