Редок излив на храброст во Русија: Над 40 локални претставници потпишаа петиција за оставка од Путин – Им се заканува затворска казна
Над 40 локални претставници од 18 области во руските региони Москва, Санкт Петербург, Самара и Јакутск потпишаа јавно барање за оставка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
– Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин ѝ штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка од Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација“ се вели во соопштението, кое започна како иницијатива на 19 локални политичари.
Информацијата преку Твитер ја соопшти општинска претставничка од општината Семеново во Санкт Петербург, Ксенија Торстрем.
Петицијата доаѓа во време кога руските воени сили се соочуваат со тешкотии во Украина, откако украинските сили спроведоа контраофанзива во која брзо ослободуваат територии досега контролирани од Русите.
Ваквиот потег е вистинска реткост во Русија, а се случува откако викендов во земјата се одржаа првите избори од почетокот на инвазијата врз Украина. Се бираа над 31.000 функционери ширум Русија. Партијата “Единствена Русија” однесе убедлива победа, а опозицијата повторно го обвини Путин за изборни измами и местенки.
Петицијата на локалните претставници ги става во сериозен ризик, бидејќи во Русија се на сила нови прописи кои забрануваат да се критикува цпеијалната воена операција во Украина. Оние кои ќе ги прекршат овие прописи се соочуваат со казни до 15 години затвор, а некои руски граѓани веќе беа осудени по тој основ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…