(Видео) Резил – за во Софија молчеа: Министерството за надворешни го осуди „говорот на омраза“ на вчерашниот натпревар

t

Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на =Македонија и Бугарија.

Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.

=Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи.

Инфомакс побара реакција од министерството за надворешни кога во Софија играше Македонија Ѓорче Петров против ЦСКА Софија, но од министерството тогаш не добивме никаков одговор.

Покрај вербалните навреди од навивачите, но и од коментаторите во Софија беше забележано и нацистичко скандирање.

Сепак реакција од министерството тогаш немаше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…