Објавено на:

Рено оди на суд во Франција поради измама

t

Во врска со скандалот со дизел-возилата, францускиот производител на автомобили „Рено“ ќе мора да се појави пред суд во Франција поради наводна измама. Компанијата е обвинета дека во своите дизел-возила вградувала уреди кои служеле за заобиколување на прописите за издувни гасови, соопшти обвинителството за новинската агенција АФП во понеделникот. Првото рочиште во случајот е закажано за април 2027 година. „Рено“ ги отфрла обвиненијата.

Ова е втор познат случај во Франција поврзан со скандалот „Дизелгејт“. Француските истражни судии веќе покренаа постапка против германскиот производител на автомобили „Фолксваген“. Во моментов, истражен судија разгледува слично барање на обвинителството за покренување судска постапка и против „Пежо-Ситроен“ и „Фиат Крајслер“, кои денес се споени во групацијата „Стелантис“.

Скандалот со дизел-возилата изби во септември 2015 година. Тогаш „Фолксваген“ призна дека во дизел-моторите на 11 милиони автомобили од марките „Фолксваген“, „Сеат“, „Ауди“ и „Шкода“ вградил софтвер кој ги намалувал емисиите на азотни оксиди за време на тестирањето, но не и при возење во реални услови на патиштата.

Според обвинителството, автомобилите на „Рено“ продадени во периодот од 2009 до 2017 година биле опремени со уреди од сличен тип. Тие придонесувале за зголемено загадување на воздухот со азотни оксиди, за кои постои сомневање дека „го поттикнуваат развојот на респираторни заболувања кај луѓето“, се наведува во документите до кои дошла новинската агенција АФП.

Скандалот во тоа време ја потресе глобалната автомобилска индустрија. Правни постапки беа покренати во повеќе земји, меѓу кои Велика Британија, Франција, Јужна Кореја и САД. Во последиците од скандалот, „Фолксваген“ плати повеќе од 32 милијарди евра на име казни и обесштетувања, особено во САД.

Во Велика Британија, судството неодамна донесе одлука во корист на автомобилските компании во судски процес поврзан со скандалот „Дизелгејт“, во кој беа опфатени повеќе производители на автомобили. Меѓу обвинетите беа „Мерцедес“, „Форд“, „Пежо-Ситроен“, „Рено“ и „Нисан“.

„Рено“ се повика и на овој случај во пресрет на претстојната постапка во Франција. Компанијата „категорично негира дека сторила какво било незаконско дејствие“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Франција е поништен законот со кој…

Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…

Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…

Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…

Софи Адено ќе стане првата Французинка што…

Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

(Видео) Напад на полицајци со нож во…

Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…