Реципрочна вратка: Што содржи пакетот санкции на Русија кон раководството на САД?

t

Руската Федерација денес објави санкции за лицата на роководни позиции во САД и лица блиски до нив.

Ја пренесуваме изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија за лични санкции против претставници на американското раководство и лица поврзани со нив.

Како одговор на серијата невидени санкции со кои, меѓу другото, се забранува влез во САД за највисоките функционери на Руската Федерација, од 15 март оваа година, руската „стоп листа“ ги вклучува на реципрочна основа Претседателот Џозеф Бајден, Државниот секретар Ентони Блинкен, Секретарот за одбрана Лојд Остин и Претседателот на Здружениот генералштаб Марк Мили, како и голем број шефови на институции и познати американски фигури.

Овој чекор, преземен како контра реакција, беше неизбежна последица на крајно русофобниот курс што го следи сегашната администрација на САД, која, во очајнички обид да ја одржи американската хегемонија, смета на фронталното задржување на Русија‚ отфрлајќи секаква пристојност.

Во исто време, не одбиваме да одржуваме официјални контакти доколку тие се во согласност со нашите национални интереси и, доколку е потребно, ќе ги решиме проблемите што произлегуваат од статусот на лицата кои се појавуваат на „црната листа“ за да организираме контакти на високо ниво. […]

Во блиска иднина ќе следат нови најави за проширување на списокот на санкции со вклучување на највисоки американски функционери, војници, законодавците, бизнисмени, експерти и медиумски личности кои се русофобични или придонесуваат за поттикнување омраза кон Русија и воведување рестриктивни мерки.

Овие акции ќе се спроведат во органско единство со големи одлуки донесени од Владата на Руската Федерација во финансиски, банкарски и други области за заштита на руската економија и обезбедување нејзиниот одржлив развој. -стои во соопштението а руското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…