Речиси цел Дебар утре шест часа ќе биде без струја
Поради планирани прекини утре шест часа без струја ќе биде речиси цел Дебар и неколку населени места.
-Во периодот од 8 до 14 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во град Дебар, освен дел од населба „Венец“ и околината на Дебарското Езеро. Без струја ќе биде и село Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарско Бањи-Цапа, во истото село, како и граничниот премин „Блато“ -информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар.
Без струја ќе бидат и општинската зграда, Општата болница со проширена дејност и Одделението за внатрешни работи, населено место Бомово и бензинската пумпа на Макпетрол.
-Прекинот е поради планирани технички зафати на електро-мрежата. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и препорачуваме навремено приспособување на дневните активности – се наведува во објавата.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце и Осој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгоре стан во Дебар, нема повредени лица
Вчера во 08:38 часот во ОВР Дебар…
Во Дебар светиот крст го фати малиот…
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски,…
Почина дебранец при пад од зграда на…
Жител на Дебар денеска претпладне го загуби…
Малолетници тепале ученик во училиште во Дебар
Во училиште во Дебар малолетници претепале ученик,…
Хорор во дебарско – жена грабната, тепана…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26)…