Решен да направи беља: На први септември сите очи ќе бидат вперени кон КОСОВО!
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека владата на чело со него ги презема активностите што требаше да се преземат пред 11 години. Тој рече дека се решени да ги спроведат договорите на северот од земјава и дека од 1 септември ќе започне имплементацијата на владината одлука.
Курти на седницата на Собранието рече дека во сегашните околности одлуката да се одложи примената на договорот за 30 дена е правилна.
Според Курти, опозицијата не треба да постапува за да избрзува со спроведувањето на договорот кога такво нешто не направиле 11 години додека биле на власт.
„Подобро на 1 септември 2022 година отколку никогаш, најдобро беше да бев во 2011 година премиер кога се договоривте во Брисел. Мора да имате на ум дека не може да се прифати нешто во месец август за кое се доцнело 11 години“, рече тој.
Курти најави продолжуње на реципроцитет од 1 септември.
Група Срби во неделата со барикади ги блокираа патиштата до два гранични премина од Косово кон Србија. Причина – планираното воведување на регулатива за влез во земјата. Приштина во текот на ноќта попушти и ја одложи одлуката на 30 дена.
Приштина под притисок на американскиот амбасадот ја одложи контроверзната мерка за планираните гранични контроли.
Во неделата од косовската полиција соопштија дека на некои локации се слушало пукање, имало истрели кои биле насочени кон полициските единици, но за среќа нема повредени. Останува да видиме што ќе се случува на први септември…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…