Објавено на:

Рига: Руската амбасада барајте ја на улицата „Украинска независност“

t

Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина.

Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност“ со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ“, објави вчера градската управа на Твитер.

Одлуката на градската управа на Рига уследи по сличниот потег на литванскиот главен град Вилнус, каде ден претходно пристапниот пат до руската амбасада го нарече „Улица на украинските херои“.

Во двата балтички главни града, исто така, во тек се и протести и собири во близина на руските амбасади, откако Русија ја почна инвазијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…

Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…

Амбасадата на САД во Багдад, Ирак се…

САД соопшти дека делумно ја евакуира амбасадата…

Можни нови судири? САД ги повика државјаните…

Амбасадата на САД во Либан денеска ги…

Амбасадата на САД во Израел одобри заминување…

Американскиот Стејт департмент го одобри заминувањето на…

Српскиот конзул во Македонија се потпиша во…

Српскиот конзул во Македонија, Владимир Стајиќ, денеска…