Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година.
Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи.
Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата.

Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата.
„Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ – истакна министерот Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски на средба со претставниците на Европската…
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари…
Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп почина…
Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал…
Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните…
Во наредните две години треба да се…
Мицкоски: Половина милијарда денари годишно оделе кај…
На седницата на Собранието посветена на пратеничките…
Обвинителството бара притвор за сопственикот на „Информер“
По сослушувањето на Драган Ј. Вучичевиќ, кој…