РКЕ: Од полноќ ќе се точат горива по пониски цени
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024
година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,152 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,757 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Секое дете има своја мисија, вложувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето…
Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно…
Маж и неговата сопруга предизвикале пожар во…
СЗО бара одговори од Русија: Се проверува…
Светската здравствена организација бара дополнителни информации од…
„Визер“ доминира на македонските аеродроми: Превезува речиси…
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ убедливо го држи…
Гол и позлатен Трамп во Европскиот парламент:…
Сатирична статуа на американскиот претседател Доналд Трамп,…