Родилката им подлегна на повредите, за среќа нејзиното бебе е добро!
39 годишната жена синоќа починала околу 21 часот на КАРИЛ како последица од тешките повреди на главата и вратот. По направениот увид од Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат покажа дека постојат пропусти од страна на Клиниката за гинекологија во делот на повикување на психијатар од Клиниката за психијатрија. Од клиниката за гинеколгоија и акушерство објаснија дека тие пратиле два упати до психијатрија и дека психијатар требало да дојде во ГАК пред отпустот на родилката. При тоа од ГАК посочија дека со жената биле направени разговори и и била дадена терапија и дека била во подобра состојба од како се пожалила дека се чуствува вознемирена.
По извештајот на Државниот инспекторат министерот за здравство Фатмир Меџити побара да се формира надозр во врска со случајот со родилката од Скопје. Комисијата треба е составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ. Меџити пред три дена кажа дека засега се уште нема соопштение од формираната комисија.
Жената на ГАК била донесена во 36 недела од бременоста. По породувањето со царски рез, мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Пациентката, два дена по породувањето, на медицинскиот персонал во дневна смена се пожалила на лесна вознемиреност.
Според сите протоколи, таа веднаш била видена од психолог и не било нотирано дека пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид. Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден бил креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред исписот од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…