Родителите на загинатите од Пулс гневни на Деко кој изјавил во суд: „АКО САКАШ ДА ЗНАЕШ, ЈАС ПОСЛЕДЕН ИЗЛЕГОВ НИЗ ТАА ВРАТА!“

t

КОЛКУ БЕЗЧУВСТВИТЕЛНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ВАКВА ИЗЈАВА ВО СУДНИЦА ПРЕД РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА ?

„АКО САКАШ ДА ЗНАЕШ, ЈАС ПОСЛЕДЕН ИЗЛЕГОВ НИЗ ТАА ВРАТА!“ – изјави првообвинетиот Дејан Јованов во судницата.

Со кое лице се дрзнуваш тоа да го кажеш пред родителите чии деца изгореа и се задушија во објектот, кој беше во твоја сопственост и со кој ти управуваше, а чија безбедност денес се преиспитува пред судот? ИМАШ ЛИ ВООПШТО СРАМ?

Твоето преживување не е доказ дека објектот бил безбеден, ниту само по себе те ослободува од евентуална кривична одговорност.

Ти денес можеш да раскажуваш како си се спасил. Нашите деца никогаш нема да можат да раскажат што преживеале во последните минути од својот живот.

Ти имаш право да се браниш пред судот. Нашите деца немаа можност да се одбранат од огнот, отровниот чад, цијановодородот и смртоносното стампедо.

Ти излезе од таа врата. Нашите деца никогаш не се вратија дома.

Затоа не бараме да слушаме кој последен излегол, туку да се утврди зошто не бил обезбеден безбеден излез и кој сноси кривична одговорност за трагедијата.

63 згаснати животи. 63 причини вистината да не остане зад таа врата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…