Објавено на:

Родители од ПЕКОЛОТ: Го тепале и мачеле 10-годишниот син, имал само 17 килограми

t

Родители од Џорџија се уапсени под обвинение за злоставување и занемарување на деца, откако нивниот гладен 10-годишен син бил пронајден како скита во нивното соседство барајќи продавница каде што би можел да измоли  храна.

Полицијата ги уапсила Тајлер и Криста Шиндли откако соседите го пронашле нивниот изнемоштен син изгубен на улиците во петокот. Детето ја молело полицијата да не го присилува да се врати дома.

Рекле дека момчето намерно било изгладнувано и тежело само околу 36 фунти (околу 17 кг) кога било спасено, тежина на просечно четиригодишно дете.

„Ова дете, едноставно кажано, умирало од глад и тоа е трагично“, рекол окружниот обвинител на округот Грифин, Мари Бродер, на вчерашната прес-конференција.

Родителите се обвинети дека го заклучиле детето во својата спална соба и го оставиле само во куќата „во повеќе наврати во долги временски периоди, без пристап до светлина, храна, облека или помош од возрасни“, се вели во соопштението.

Тие, исто така, наводно му оневозможиле на 10-годишникот топла вода, поглед кон надвор, тоалетна хартија и човечка интеракција, а во еден момент дури и го претепале, нанесувајќи му дополнителни повреди.

Гладното дете итно е пренесено во блиската болница, каде што се лекува поради неухранетост и слабо отчукување на срцето.

Момчето претрпело и „повреди на забите и обезличување“ како резултат на гладувањето, повреди кои родителите наводно не успеале да ги санираат.

Официјалните лица додале дека во домот имало и други деца и дека тие биле ставени под притвор на државниот Оддел за семејни и детски услуги.

Шиндлиеви се обвинети за затворање, злоупотреба и суровост кон децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историска пресуда во САД: Родители на дете…

Татко на тинејџер кој уби четири лица…

Родители ја малтретирале малолетната ќерка – ќе…

На 24.02.2024 во Полициската станица Бит Пазар…

Родители! Оставете го смартфоните и посветете се…

Сите студии ја покажуваат штетноста од зјапањето…

“Родители” Германци си го заборавиле синчето во…

Брачна двојка од Германија случајно го оставила…

Родители од ПЕКОЛОТ: Го тепале и мачеле…

Родители од Џорџија се уапсени под обвинение…