Родната куќа на Адолф Хитлер стана полициска станица
Родната куќа на Адолф Хилтер во австрискиот град Браунау на Ин денес официјално стана полициска станица, објави „ОРФ“.
Куќата претходно беше реновирана, по неколкугодишни дебати за соодветната намена на контроверзната зграда.
Точната старост на куќата не може со сигурност да се утврди, но архитектонското биро „Марте.Марте Архитектен“, кое раководеше со проектот, одлучи да ја дизајнира како куќа од 17 век.
Во зградата долго време се наоѓала гостилница, а на горните катови имало станови. Хитлер пораснал во еден од нив.
Во периодот меѓу двете светски војни, сопственикот на гостилницата поставил „меморијална соба на Фирерот“, а во 1938 година зградата ја презела Нацистичката партија.
По падот на нацистичкиот режим, имотот му бил вратен на првичниот сопственик.
Во 1970-тите години, во зградата кратко време било сместено училиште, а од 1976 година таму работела организацијата „Лебенсхилфе“ за луѓе со интелектуална попреченост.
Откако организацијата се иселила во 2011 година, зградата останала празна.
Во 2016 година, државните власти ја презеле куќата преку процес на експропријација.
Експертска комисија препорачала зградата да се користи за социјални и за добротворни цели или за потребите на државната администрација.
Членовите на комисијата заклучиле дека музеј би можел да привлече неонацистички групи, но дека уривањето на зградата би значело негирање на нејзината историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остра изјава на Ердоган: „Нетанјаху не се…
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска…
(Видео) Зеленски го спореди Путин со Хитлер:…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во програмата „60…
(Видео) Шок во Перу: Запленети 58 килограми…
Перуанската полиција запленила 58 килограми кокаин, а…
Лавров: НАТО ја спроведува политиката на Хитлер!
Членките на НАТО де јуре учествуваат во…
Фашистичка Бугарија – Хитлеров жандарм на Балканот:…
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на…