РСЕ: Полицискиот инспектор од Македонија кој шверцувал лажни евро монети во Косово, бил незаконски вработен во МВР

t

Македонскиот полициски инспектор кој беше фатен во Косово поради шверц на фалсификувани евро монети, станал инспектор во МВР без безбедносен сертификат, пренесува Радио Слободна Европа. Тој наводно не ги поминал основните безбедносни проверки на АНБ.

МВР веќе отворила предмет на истрага за неговото вработување.

„Во тек се проверки по наводи во поднесено барање и други наводи од надлежност на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР за РСЕ.

Оттаму останале неодговорени прашањата како и кога бил вработен без сертификат и кој го одобрил неговото вработување и унапредување во инспектор без да ги помине безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…

Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…

Митева со осуда кон насилството врз младата…

Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Сам се пријави во полиција битолчанецот кој…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која…