Рубио: САД не сакаат ништо што би можело да ја дестабилизира ситуацијата на Западниот Брег
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Соединетите Американски Држави не сакаат ништо што би можело да ја дестабилизира ситуацијата на окупираниот Западен Брег.
Тој додаде дека Вашингтон нема да го следи примерот на Велика Британија, Франција и Канада и да воведе забрана за увоз на производи од израелските населби на палестинската територија.
Група од 12 западни земји денеска претходно соопшти дека планира да воведе нови санкции за израелските населби на окупираниот Западен Брег.
Во заедничкото соопштение објавено на веб-страницата на канадската влада, се наведува дека Канада, Данска, Финска, Франција, Исланд, Ирска, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија ја потврдуваат „намерата да воведат национални и/или да поддржат европски ограничувања за трговија со стока со населбите кои се нелегални според меѓународното право, или активно да ги разгледуваат овие и други мерки, во согласност со нивните национални процедури“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…