РУСИТЕ ГО БОМБАРДИРАА ХЕРСОН: Украинските власти тврдат дека загинале најмалку три лица
Во руското бомбардирање на населба во градот Херсон, на југот на Украина, денеска загинаа три лица, соопштија локалните власти.
Во област под руска контрола во соседниот регион Запорожје, исто така во јужна Украина, властите назначени од Москва соопштија дека четири лица биле убиени во напад на украинските сили на железнички мост.
Фронтот во јужна Украина, каде руската армија мораше да го напушти Херсон во ноември, неодамна е многу помирен од фронтот во источниот дел на земјата, каде што се водат жестоки борби. Сепак, нападите на југ не престанаа, а неодамна продолжија судирите во областа Запорожје.
„Непријателската артилерија погоди станбени области на градот“, соопшти регионалната администрација на социјалните мрежи, додавајќи дека биле погодени болница, училиште, автобуска станица, пошта, банка и станбени згради.
Во тие напади загинаа три лица, а шест беа ранети, меѓу кои и медицинска сестра.
Шефот на проруската администрација инсталирана од Москва во Запорожје, Евгениј Балицки, ја обвини Украина дека ги користи американските повеќецевни ракетни фрлачи Химарс за да го нападне железничкиот мост каде четири лица загинаа, а пет беа ранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…
Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се…
Голем пожар избувна денеска на автоотпад во…
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…
Вучиќ откри што му кажал на Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува за…