РУСИТЕ ДОБИЛЕ ОЧИЛА КОИ ЕКСЛОДИРААТ ШТОМ СЕ ВКЛУЧАТ: Спречена саботажа од сомнителна донација на опрема
Руските војници неодамна добија пратка со специјални шлемови за контрола на беспилотни летала, a проблемот е што тие беа поставени да експлодираат веднаш штом ќе се вклучат.
Непознати лица се обиделе да го саботираат рускиот воен персонал испраќајќи серија од овие „очила“ по хуманитарни линии, кои би експлодирале кога ќе се активираат, објави руската новинска агенција Тасс.
Како што додава агенцијата, тоа го потврдил официјалниот претставник на руската компанија која развива и испорачува опрема за електронско војување, Игор Потапов.
– Пратка очила „Skyzone Cobra X V4“ е донирана од лице по име Роман од, како што вели, хуманитарни причини. Кога ги вклучиле очилата за да ги тестираат, дошло до детонации – вели Потапов.
– Кога беше отворена целата серија, во сите овие производи беа пронајдени спакувани пластични експлозиви – додаде тој за Тасс.
Тој го повика целиот воен персонал да бидат внимателни кога добиваат хуманитарна помош од странци.
– Посебно сакам да забележам и да им пренесам на сите дека хуманитарната помош секогаш бара проверка ако доаѓа од нови, непознати субјекти. Имаме многу луѓе кои се занимаваат со хуманитарна помош, сите се доста познати и кога одеднаш ќе се појави добродетел со желба да помогне, тоа е одлично, но таквите луѓе секогаш треба да се проверуваат – додаде Потапов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…