Објавено на:

Русите донесоа криминалци во Украина за да се борат – тврди портпарол на украинските сили

t

Русија распоредила повеќе од 180.000 војници на двата главни источни фронта, изјави Серхи Червати, портпарол на источната група на вооружените сили на Украина.

„Повеќе од 180.000 руски војници се распоредени во областа на одговорност на Источната група сили… Фронтот Лиман-Купјанск е подолг, поради што непријателот ги концентрира силите таму“, рече Червати во интервју за украинските медиуми додавajќи дека во овој момент има „повеќе од 120.000 непријателски војници“ на правецот Лиман-Купјанск.

Тој рече дека тие вклучуваат воздушни и механизирани единици, борбени резервни единици „Барс“, територијални сили и нови трупи за напад „Сторм З“, составени од осудени криминалци.

Червати рече дека на бојното поле во Бахмут има околу 50.000 руски војници. Градовите Лиман и Купјанск се оддалечени околу 100 километри, северно од Бахмут на источниот фронт на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…

Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…

НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…