Објавено на:

Русите на нозе: НАТО авиони кружат околу Крим

t

Авион на британското воено воздухопловство кој летал во близина на Керченскиот теснец и Кримскиот мост може да собира информации за НАТО и Киев, смета сенаторот Сергеј Цеков од полуостровот.


„Извидувачки авиони на НАТО цело време кружат околу Крим. Нема ништо изненадувачки во ова“, изјави политичарот за РИА Новости во четвртокот.

Коментирајќи го фактот дека британскиот авион летал во близина на Керченскиот теснец, сенаторот истакна дека тие собираат информации „во случај на можна ескалација на конфликтот во Украина“.

Според него, провокација е и појавата на авион на НАТО во близина на полуостровот.
Одговарајќи на прашањето на агенцијата дали НАТО ги споделува своите разузнавачки информации со Украина и дали тоа создава закана од удар на полуостровот и на мостот на Крим, Цеков нагласи: „Се разбира, тие споделуваат информации со Киев“.
Зборувајќи за можна закана за Крим од Украина, сенаторот рече: „Тие би сакале, но такви можности нема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…