Русија бара апсење на бугарски новинар
Апсење во отсуство за бугарскиот новинар од групата истражувачки новинари Bellingcat Христо Грозев побара истрагата во Русија. Тој е обвинет во случај за нелегално преминување на границата на Руската Федерација. Обвинителството се обрати до судот Лефертов во Москва, пренесе ТАСС, цитиран од БГНЕС.
„Судот доби материјали за Христо Грозев, наскоро ќе се вештачат“, вели извор од судот.
Максималната казна за обвинението за илегално преминување на државната граница на Русија е до две години затвор. Во декември 2022 година, Христо Грозев беше прогласен за федерално баран од Русија.
На веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи е објавено дека „се бара според член од Кривичниот законик“.
Против Грозев е отворена кривична за „ширење лажни вести за руската армија“. Тоа обвинение беше додадено на руското законодавство усвоено откако Москва испрати војници во Украина минатиот февруари.
Во јули 2022 година, руската разузнавачка служба ФСБ соопшти дека Грозев бил вклучен во операција на украинската воена разузнавачка служба за киднапирање на воени авиони од Русија. Службата тврди дека пронашла двајца курири кои биле вклучени во префрлање пари од украинското разузнавање на руски пилот за киднапирање на авион. Новинарот негира дека е вмешан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…