Објавено на:

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената

t

Русија денеска побара да се подготви меѓународен договор за забрана за распоредување на офанзивно оружје во вселената. Барањето на Москва уследи откако САД признаа дека имаат распоредено оружје во орбитата на Земјата.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков наведе дека се надева оти не е предоцна за правно обврзувачки договор со што би се забранило распоредување на офанзивно оружје во вселената.

– Веруваме дека не е предоцна за создавање опкружување што би спречило трка во вооружувањето со растечки ризик од отворен судир во вселената, посочи Рјабков.

Претходно, командантот на американските вселенски сили, Даглас Шиес изјави дека армијата управува со оружје во орбитата, што може да ги заштити американските сили од напади поврзани со вселената. Но, тој не наведе за каков вид системи станува збор.

Рјабаков посочи дека САД не ја известиле Русија за распореденото оружје во земјината орбита.

– Тоа за нас не е нешто ново. Се следиме, забележуваме и извлекуваме соодветни заклучоци, истакна Рјабков.

Тој додаде дека Русија подолг период се залага за договор за спречување на употреба на сила или закана со сила против објекти во вселената. Тој ги обвини САД и другите западни земји, особено Велика Британија, дека со години наоѓаат причини за да избегнат преговори за таков договор.

САД тврдат дека распоредувањето на вселенски системи е одговор на развојот на руските и кинеските противсателитски и други вселенски можности и оти тие се средство за одвраќање и одбрана на американските сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…