Русија веќе не е договорна страна на Европската конвенција за човекови права
Русија од денеска повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, согласно Резолуцијата на Советот на Европа, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права.
Во соопштението се потсетува дека Резолуцијата за престанок на членството на Русија во Советот на Европа беше усвоена од Советот на министри на 16 март. За решавање, велат од Судот, остануваат претставките испратени против Руската Федерација во врска со дејствија или пропусти кои можат да претставуваат повреда на Конвенцијата, под услов да се случиле пред 16 септември.
На 5 септември, пленарната седница на Судот формално го зеде предвид фактот дека Русија престанува да биде договорна страна на Конвенцијата. Во врска со ова, канцеларијата на Судот во однос на Руската Федерација исто така престанува да работи. Во моментов има 17.450 претставки против Руската Федерација пред Европскиот суд, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…