Русија ги здружува силите со Јужна Америка за да му се спротивстави на Западот
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, синоќа во Каракас, Венецуела, изјави дека е неопходно да се „здружат силите“ за да се спротивставиме на „уцените“ на Западот.
„Неопходно е да се здружат силите за да се спротивставиме на обидите за уцена и нелегалниот едностран притисок од Западот“, рече Лавров на прес-конференцијата со неговиот венецуелски колега Иван Гил, зборувајќи за „мултиполарен свет“. По Бразил, Венецуела е вториот дел од турнејата на Лавров низ Јужна Америка, а потоа оди во Куба и Никарагва.
„Венецуела, Куба и Никарагва се земји кои сами го избираат својот пат“, рече тој. Тие три земји имаат влади инспирирани од социјализмот и хронично лоши односи со САД“.
Рускиот министер се осврна и на војната во Украина, нагласувајќи: „Ќе ја решиме ситуацијата во Украина и другите конфликти во светот со принципите на Повелбата на ОН за суверена еднаквост на државите“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…