Објавено на:

Русија го забрани најчитаниот германски весник

t

Русија го блокира пристапот до порталот на „Билд”, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор.

Барањето за блокирање на пристапот до „Билд” во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор” го одобрил барањето и го спроведе, пренесуваат руските меидуми.

„Билд” деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, и на германски и на руски јазик. Одлуката на руските цензори да го блокираат нашиот портал потврдува дека нашите новинари работат на промоција на демократијата, слободата и човековите права, изјави уредникот на „Билд” Јоханес Боја за Си-Ен-Ен.

„Нивната одлука дополнително нѐ мотивира да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да добиваат вести и факти независни од руската државна пропаганда”, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…