Објавено на:

Русија го затвори небото над Донбас – секое летало ќе биде соборено

t

Преговорите помеѓу делегациите на Русија и Украина продолжуваат, а како што тврди украинскиот претседател, истите се водат во тешка атмосфера. Од друга страна, Русија тврди дека е спремна да преговара деноноќно ако тоа е потребно.

Во меѓувреме, Киев предложува Украина да го примени австрискиот или шведскиот модел на демилитаризација на земјата, која има своја војска, меѓутоа, поради неутралноста за Русија останува клучно прашањето на Крим и Донбас, како и правата на населението кое го говори рускиот јазик.

Истовремено, претседателот на САД Џозеф Бајден соопшти дека Америка ќе и предаде на Украина воена помош во вредност од милијарда долари, што Русија го нарече „долевање бензин на конфликтот“.

Русија воспостави и зона на забрана на летање над Донбас, тврди официјалниот претставник на Народната милиција на Доњецката Народна Република Едуард Басурин.

Тој го коментираше и повикот на шефот на ДНР Денис Пушлин да се засили ПВО системот за одбрана на Донбас, велејќи дека тоа не е потребно да се прави, туку дека е доволно Русија самостојно да го контролира небото над Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…