Објавено на:

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи крај на војната

t

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин и Абдел Фатах ел Сиси телефонски разговараа за последните случувања во Појасот Газа.
Тие разговараа за испораката на хуманитарна помош и се согласија да продолжат да работат на воспоставување прекин на огнот.


Како што соопшти кабинетот на египетскиот претседател, лидерите ја истакнале важноста на напорите за решавање на палестинското прашање врз основа на две држави и признавањето на палестинската држава во согласност со резолуциите на ОН.
„Претседателот Ел-Сиси беше повикан од рускиот претседател Владимир Путин по телефон. За време на разговорот, тие разговараа за ситуацијата во регионот, особено во Појасот Газа и на палестинските територии, имајќи ја предвид напнатата политичка и хуманитарна ситуација“, според на изјавата на официјалниот претставник на египетскиот шеф на државата, Ахмед Фахми.
Путин неодамна разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Иран.


Да потсетиме, САД синоќа ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации за актуелниот прекин на огнот во Газа. Русија се огласи и рече дека со таа одлука Америка осудила илјадници цивили на смрт.
За резолуцијата гласаа 13 членки на Советот за безбедност на ОН. САД беа против, а Велика Британија воздржана. Коавтори на резолуцијата се 97 земји, членки на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…