Русија е загрижена за ситуацијата во Грузија
Кремљ денеска соопшти дека гледа ризици од можни „провокации“ во Јужна Осетија и Абхазија, две отцепени провинции во Грузија поддржани од Русија, по неколкудневните протести во таа земја поради предложениот закон за „странски агенти“, пренесува Ројтерс.
Грузискиот парламент денеска се откажа од предлог-законот, што предизвика тридневни масовни протести во Тбилиси.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва „со загриженост“ ја следи ситуацијата.
Тој додаде дека ја гледа „раката“ на САД зад „антитурските чувства“ за кои Москва смета дека се извор на протестите во Грузија.
Коментирајќи ја поддршката за демонстрантите што вчера во Њујорк ја изрази грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, тој посочи дека таа „не се обраќа на својот народ од Грузија, туку од Америка“.
Ова е знак дека „нечија видлива рака се обидува да предизвика антитурски чувства“, рече Песков, пренесе АФП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…