РУСИЈА Е ОТВОРЕНА ЗА КОНСТРУКТИВЕН ДИЈАЛОГ: Претседателот Путин денеска се сретна со африканските лидери
Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, изјави дека Москва го поздравува нивниот балансиран пристап кон конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија е отворена за дискуси.
– Отворени сме за конструктивен дијалог со сите кои сакаат мир заснован на принципите на правдата и разгледување на легитимните интереси на страните (во конфликтот) – истакна Путин.
Африканската делегација предводена од претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса пристигна во Русија откако вчера во Киев разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја одби нивната понуда за посредување.
– Да има преговорите со Русија сега, кога окупаторот е на нашата земја, значи замрзната војната, замрзната болка и страдање – наведе Зеленски на вчерашната прес-конференција со африканските лидери.
Претседателот на ЈАР посочи дека чувствува дека е важно внимателно да се слуша што имаат да кажат претставниците на двете земји.
Рамафоса ја предводи африканската делегација составена претседателите на Сенегал, Замбија и Коморски Острови, Маки Сал, Хакаинде Хичилема и Азали Асоумани, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и специјалните пратеници на претседателот на Република Конго и поранешниот премиер на Уганда, Рухакана Ругунда.
Посредувањето на африканските лидери е во момент кога се одвива украинската контраофанзива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Андоновски: Ниту еден дата-центар нема да има…
На денешната седница за пратенички прашања во…
Изречена казна за скопјанецот кој исфрли градежен…
Казнет е скопјанецот кој бил снимен како…
Облачно и постудено време со дожд –…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…