Русија е подготвена да ги исполни условите од Договорот за жито, доколку тие се еднакви за сите, вели Захарова
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија е подготвена да ги исполни сите услови од Договорот за извоз на жито, доколку тие услови се еднакви за сите страни.
Постојниот договор истекува на 18 март.
Претходно Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Западот ја поткопува хуманитарната иницијатива на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за извоз на жито со саботирање на спроведувањето на рускиот дел од договорот, пренесува РИА Новости.
Руското МНР истакна дека „време е да престанеме да играме на картата за храна“, бидејќи голем дел од житото од Украина оди во Европската унија, а не во најсиромашните земји.
Договорот за жито, кој беше потпишан во Истанбул на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучително и Одеса.
Договорот истече на 18 ноември 2022 година, но автоматски беше продолжен за 120 дена до 18 март.
Договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа мора да биде продолжен по секоја цена, напиша претходно денеска на Твитер извршниот директор на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бисли.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска на конференцијата на ОН за неразвиените земји, што се одржува во главниот град на Катар, Доха, изјави дека Анкара е посветена на продолжување на договорот поддржан од ОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…